Мажените се преумортни за секс?

од desk2

Мажените жени имаат повеќе проблеми околу сексот во однос на жените и мажите кои не се во постојана врска, покажа едно истражување.

Интересот на жените за секс се повеќе опаѓа поради преголемите барања на сопрузите, децата и работата. Секоја десетта жена смета дека секост повеќе не и е привлечен, а секоја четврта има проблем да доживее оргазам, истакнува д-р Кетрин Мерцер од Универзитетот во лондон, која со колегите спровела опсежно истражување меѓу 11.000 Британки меѓу 16 и 44 години.

Мажените жени имаат повеќе сексуални проблеми во однос на женит и мажите кои не се во постојана врска.

Двојките во просек имаат четири сексуални односи месечно, со тоа што сексуалното однесување на жените во бракот се менува во однос на првит денови на заљубеност. Жените најчесто зборуваат дека овие проблеми ги воочуваат кога имаат дете помало од пет години.

„Тоа е многу логично, со оглед на недостаток на сон. Подигнување на децата и грижата за семејството за жените се потешки отколку за мажите, кои покрај тоа имаат 10 пати повисок тетостерон во споредба со женските хормони. Но, никој не е подготвен да зборува отворено на таа тема. Дури 44 отсто од жените и 35 отсто од мажите имаат проблеми на сексуално поле, а само 11 отсто од мажите и 21 отсто од жените се подготвени да побараат стручна помош“, вели д-р Мерсер.

Слични содржини