Мбапе го повреди квадрицепсот пред натпреварот со Сити

од Vladimir Zorba

Победата на Пари Сен Жермен над Мец (3:1) му даде на тимот на Маурисио Почетино привилегија да се пресели на врвот на табелата, сепак, впечатокот по новиот во низата успеси делумно го расипа повредата на парискиот херој Килијан Мбапе.

Францускиот напаѓач со два гола го трасираше патот до 23-тото славје во шампионатот, но феноменалната партија ја заврши во 87-та минута кога беше присилно заменет поради повреда на квадрицепсот.

Дракслер го зазеде местото на стрелецот на голот, а по натпреварот Почетино ги откри првите детали во врска со повредата, иако нејзината сериозност засега не е позната.

„Мбапе доби удар во квадрицепсот. По натпреварот, тој одеше со патерици, но се надеваме дека повредата не е премногу сериозна“, изјави аргентинскиот стратег.

Напаѓачот го доби ударот во дуел со Маиго четири минути пред промената, а загрижената гримаса на фудбалерот веднаш предизвика страв кај навивачите, со оглед на тоа што парижаните за четири дена ќе се соочат со Манчестер Сити во полуфиналето од Лигата на шампионите, а потоа следат нови предизвици во трката за шампионската титула.

Борбата за трофејот во Франција се интензивира од коло во коло, а Пари Сен Жермен ја презеде лидерската позиција од Лил со нова победа, што е за два бода помалку, но и средбата помалку, со оглед дека утре ќе го играат мечот од 34.коло против Лион.

Слични содржини