„Мбапе избира помеѓу Италија, Шпанија и Англија“

од Vladimir Zorba

Дидие Дешамп, селекторот на француската фудбалска репрезентација е убеден дека Килијан Мбапе наскоро ќе се соочи со избор каде да ја продолжи кариерата.

Напаѓачот на Пари Сен Жермен има договор со францускиот шампион до летото 2022 година, а голем број елитни клубови се заинтересирани да го донесат.

Мбапе сè уште не одлучил каде ќе игра, но Дешан верува дека изборот е скратен на три земји, Шпанија, Италија и Англија.

Тој беше гостин на телевизија „БеИН“, и рече дека е среќен што има таков играч во националниот тим.

„Привилегија е што Килијан е Французин и тоа е голема работа за францускиот фудбал, нашата лига и Пари Сен Жермен што го имаме. Мислам дека тој ќе избере помеѓу Шпанија, Италија или Англија. Тој е извонреден играч, некој што сака да освојува трофеи. Сега му е убаво во Париз. Сите опции се добри на почетокот, само подоцна сфаќаме дали е така. Јас не сум тука за да им дадам совет на играчите на Франција, тие се опкружени со луѓе што размислуваат за тоа. Сепак, ако ме прашаат што мислам, јас секогаш велам јасно. Искрено, не знам дали ќе оди на лето или не, тој и неговите родители го знаат тоа“, вели Дешан.

Слични содржини