McLaren најави модел побрз од рекордните 391 километри на час

од desk2

Британскиот произведувач на суперавтомобили McLaren најави нов модел BP23 Hyper-GT, кој наводно ќе биде побрз од легендарниот F1 од 1993 година.

Компанијата од Вокинг претстави нови скици на хиперавтомобил, кој ќе има три седишта, а чија брзина ќе ги надминува рекордните 391 километри на час.

Се шпекулира дека целта е да развива најмалку 400 километри.

McLaren најави производство само на 106 модели BP23, колку што се направени и F1 единици. Сите се веќе распродадени, а цената на неговиот прв хибрид ќе биде 1,8 милиони евра.

Автомобилот се уште се развива, допрва треба да добие конечен дизајн, а се очекува McLaren да го претстави за јавноста кон крајот на годината.

Друг познат факт, освен споменатата брзина, е тоа дека за погон користи хибриден агрегат на бензин и струја, чие производство ќе почне кон крајот на 2019 година.

Нема точни информации околу моторот и неговата сила, но се шпекулира дека McLaren како бензинска база ќе употребува 4.0-литарски твин-турбо V8, а кој заедно со електромотор ќе има повеќе од 1.000 коњски сили.

Слични содржини