„МЕ БАКНА НА СИЛА И МЕ ФАТИ ЗА ГРАДИТЕ“: Сите жени кои го обвинија Трамп за сексуален напад

од Vladimir Zorba

Години откако жени прв пат се појавија да го обвинуваат тогашниот кандидат за претседател на САД Доналд Трамп за сексуално злоставување или малтретирање, проблемот и обвинувањата продолжија да го прогонуваат во текот на целиот мандат.

Сега, кога Трамп се надева на нов мандат, се појави уште едно, последното во низата обвинувања што може дополнително да ги разниша неговите шанси.

Дури 26 инциденти на „несакан сексуален контакт“ и 43 случаи на несоодветно однесување се детално опишани во книгата „Сите жени на претседателот: Доналд Трамп и создавањето предатор“, што произлезе од над 100 интервјуа со жени кои го обвинија.

Обвинувањата за сексуално злоставување и вознемирување продолжуваат, а денес се појавуваат нови.

Ејми Дорис

Ејми Дорис, поранешна манекенка, е последната жена што се приклучи на списокот.

Во ексклузивното интервју за „Гардијан“, Дорис го обвини Трамп дека сексуално ја нападнал пред повеќе од 20 години за време на УС Опен, во инцидент поради кој се чувствувала „болна“ и „повредена“.

Таа тврди дека Трамп и се обратил пред тоалетот во неговата ВИП ложа за време на турнирот што се одржа во Њујорк на 5 септември 1997 година. Дорис, која тогаш имала 24 години, го обвини Трамп дека и го турнал јазикот во устата, ја допирал по целото тело, додека ја држел цврсто со рацете за да не може да избега.

Ивана Трамп

Првата сопруга на Трамп еднаш го употреби зборот „силување“ за да опише средба со него. Обвинението беше изнесено во книга од 1993 година, по разводот меѓу нив двајцата. Оттогаш го омекна јазикот, велејќи дека не мислела на „силување“ во „буквална или криминална смисла“.

Елизабет Џин Керол

Новинарката тврди дека Трамп сексуално ја нападнал во соблекувалната во продавницата „Бергдорф Гудман“ во Њујорк во текот на 90-тите години на минатиот век. Таа го тужеше за клевета за одговорите на нејзините тврдења; претседателот и Министерството за правда се обидоа да го отфрлат случајот, но судот неодамна го отфрли нивниот аргумент дека претседателот е имун на приватни тужби.

Самер Зервош

Меѓу жените кои го обвинија Трамп е и поранешниот учесник во неговото реално шоу „Чирак“, Самер Зервош. Таа тврди дека Трамп сексуално ја злоставувал и насилно ја бакнувал во хотел во 2007 година. Зервош рече дека тоа се случило во кулата Трамп.

Нина Ласконен

Поранешната Мис на Финска, Нина Ласконен исто така го обвини Трамп за сексуално злоставување.

– Тој навистина ми го грабна задникот. Мислам дека никој не го виде тоа, но јас се тргнав, помислувајќи „што се случува“ – рече Нина Лаксонен.

Џесика Лидс

Судејќи според обвинувањата, несоодветното однесување на Трамп трае подолго време.

Џесика Лидс тврди дека ја фатил за градите и ја допирал додека седеле заедно во авион кон крајот на седумдесеттите години.

Рејчел Крукс

Во 2005 година, Крукс работела на рецепција во кулата „Трамп“ во Њујорк. Во една прилика ја фатил пред лифтот и насилно ја бакнал во устата.

– Мојот глас требаше да се слушне уште тогаш, и сè уште се борам за тоа – рече таа по најавата за влез во политиката.

Џил Харт

Поранешниот деловен партнер на Трамп рече дека тој насилно ја бакнувал на усните, ги допирал нејзините гради и ја грабнал гениталиите во она што го опиша во 1997 година како „обид за силување“. Состанокот наводно се случил на имотот на Трамп Мар-а-Лаго, во една од спалните соби на неговите деца. Таа исто така вели дека Трамп ја допрел под масата на вечера со колегите во хотелот Плаза.

Кристен Андерсон

Таа тврдеше дека Трамп несоодветно ја допирал во кинески клуб во Менхетн во одреден момент на почетокот на 90-тите години на минатиот век кога таа била во раните дваесетти. Андерсон во тоа време била модел.

Лиза Бојн

Бојн е уште еден модел кој го обвини Трамп за недолично однесување. Таа рече дека тој инсистирал женските модели да шетаат околу масата во еден ресторан во Њујорк во 1996 година, а потоа гласно и вулгарно го коментирал нивниот изглед. Тогаш имала 25 години.

Алва Џонсон

Алва Џонсон беше дел од предизборната кампања на Трамп, а подоцна тврдеше дека ја бакнал на митинг во Тампа (Флорида) на 24 август 2016 година, без нејзина согласност.

– Се насочи директно на мојата уста. Јас ја свртев главата, а тој ми го погоди аголот на усните и цело време ме држеше за рака – рече таа, додавајќи дека била „повредена“ затоа што тоа не го очекувала и не сакала.

Кети Хелер

Таа тврди дека Трамп насилно ја бакнал во усните за време на оброк во Мар-а-Лаго во 1997 година.

Темпл Тагарт

Поранешната мисица од Јута изјави дека Трамп ја бакнал насилно во уста во два наврати. Првиот инцидент бил кога првпат се сретнале. Инцидентите се случиле на изборот за Мис на САД во 1997 година и во „Трамп Тауер“.

Мараја Биладо

Поранешна мис тинејџерка од Вермонт, тврди дека Трамп влегол ненајавено во соблекувалната во 1997 година. Таа рече дека во тоа време имало неколку тинејџерки во таа соба.

Карен Вирџинија

Таа рече дека Трамп ја фатил за раката и и ги допирал градите додека го чекала автомобилот по Отвореното првенство на САД.

Бриџит Саливан

Поранешната мис на Њу Хемпшир изјави дека Трамп во 2000 година влегол во соблекувалната кога многу натпреварувачки биле голи. Во тоа време имала 19 години.

Таша Диксон

Се чини дека Трамп имал непријатна навика непоканет да упаѓа во соблекувалната за време на изборите за Мис.

Поранешната Мис на Аризона изјави дека истото го сторил и на изборот за Мис на САД во 2001 година, додека натпреварувачлите биле „полуголи“.

Мелинда Мекгиливреј

Таа тврди дека Трамп ја фатил за задникот во павилјонот зад главната куќа на неговиот имот Мар-а-Лаго во 2003 година. Тие биле во средина на група луѓе, рече таа, за време на концертот на Реј Чарлс.

Џенифер Марфи

Марфи тврди дека Трамп насилно ја бакнал по интервју за работа во 2005 година. Во тоа време имала 26 години.

Наташа Стојноф

Новинар од списанието „Пипл“ тврди дека Трамп ја турнал кон ѕидот и насилно ја бакнувал во просторија со затворена врата на неговиот имот Мар-а-Лаго во 2005 година. Тогаш имала задача да го интервјуира.

Џесика Дрејк

Дрејк тврди дека Трамп насилно ја бакнал неа и двајца пријатели во 2006 година, кога таа имала 32 години. Кога го оттурнала, тој наводно ја прашал: „Колку пари сакаш?“

Саманта Холви

Поранешната Мис на Северна Каролина изјави дека Трамп се однесувал кон жените како „парчиња месо“ и дека упаднал во соблекувалните за да прегледува жени. Таа рече дека инцидентите се случиле во 2006 година, кога имала 20 години.

Касандра Сирлс

Поранешната Мис на Вашингтон, рече дека Трамп ја фатил за задникот во 2013 година за време на изборите за Мис на САД 2013. Таа рече дека и тој ја поканил во неговата хотелска соба.

Карен Џонсон

На новогодишната забава во раните 2000-ти, Трамп ја фати за гениталиите, тврди таа.

Таа се осврна на неславното видео објавено од „Access Hollywood“, во кое Трамп дава вулгарни коментари за жените.

– Кога ќе рече „Фати ги за п***а“, тоа силно ме погодува, бидејќи тој ми го стори тоа – рече Џонсон.

Слични содржини