Мечка им пријде на туристи додека правеа селфи: Ги помириса, им влезе во кадар па ги изненади (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski

Група планинари во Мексико успеаја да останат мирни, па дури и направија селфи со љубопитна мечка што им се приближи на патот.
Необичната средба со животното се случи на место популарно за планинарите.

На видеото се гледа како жена стои додека црна мечка и приоѓа, застанува на задните нозе и ја душка, јавува Дејли Мејл.
И двете жени кои стојат зад неа успеаја да останат мирни и да не паничат, додека мечката ја „испрашуваше“ нивната пријателка.

Мечката потоа паѓа на земја, но потоа повторно се крева на задните нозе и продолжува да ја мириса жената.

Во меѓувреме, жената реши да го искористи моментот и да направи селфи со животното.

Мечката, иако очекуваа да ги нападне, направи нешто неочекувано.

Имено, мечката потоа се враќа на сите четири нозе и полека ги напушта туристите, кои веднаш избегаа од таму.

Шокантното видео беше споделено на социјалните мрежи и има повеќе од два милиони луѓе од саботата.

Најважно е дека никој не бил повреден за време на опасната средба со мечката.

Слични содржини