Мечка нападнала пастир и му ги скршила рацете

од Nikola Popovski

Во околината на Коњиц, мечка нападнала 53-годишен чобан и му ги скршила двете раце, потврди вчера полицијата во БиХ.

Тоа се случи во неделата околу 12 часот во близина на местото Реповци во општина Коњиц, пренесува порталот „Кликс“.

„Завчера околу 12 часот, во Полициската станица Коњиќ, дежурниот медицински техничар на Ургентниот центар на Општата болница Коњиќ пријавил дека мечка го нападнала овчарот Ш.Х. (1968) на локалитетот Текиње, во близина на Реповци, општина Коњиќ“, соопштила полицијата.

Како што се наведува, мечката му нанела тешки телесни повреди на чобанот, кршејќи му ги двете раце и нанесувајќи му неколку каснувања и расекотини, а по укажаната лекарска помош, повредениот бил пренесен во Сараево.

Слични содржини