Меџити: Дали Груевски ќе го вратат во Скопје на 23. Октомври?

од Nikola Popovski

Партијата Демократско движење на Изет Меџити во соопштение прашува „дали министерот Бујар Османи и другите се подготвуваат да го вратат Никола Груевски во Скопје на 23 октомври, на Денот на ВМРО“.

-Иако лично мислев дека ДУИ во 2016 се раздели со режимот на Никола Груевски, Османи докажа дека тајно одржувале комуникација и си помагале и се докажа дека работат на враќање на Груевски. Затоа го сменија Кривичниот Законик, затоа зборуваат за законот за амнестија, само да биде во функција на враќање на Груевски. Дали се подготвуваат да го вратат во Скопје на 23. Октомври, денот на ВМРО?, прашал Меџити во изјава за албанските медиуми.

Ова следува откако пред два дена, шефот на македонската дипломатија во гостување на емисија рече дека е подобро поранешниот премиер и екс-лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски да биде во Северна Македонија и да се соочи со правдата, отколку да се наоѓа во друга држава.

Според Османи тоа е најдобро од безбедносен аспект бидејќи Груевски бил 10 години премиер и „ги имал сите информации за државата“.

-Мислам дека темата Груевски е повеќе страв и паника која што излегува од ВМРО-ДПМНЕ и ни сервира нам дека е некако општествено прашање. Тоа е некаков психолошки немир кој што го имаат, нивни внатрешни односни кои ние не ги знаеме. И тие мислат дека логиката кога вие знаете дека имате еден проблем, мислите дека знаат сите и нас постојано ни го сервираат тој проблем, а ние не сме свесни што се случува. Тоа е немир и паника во опозициската партија кон психолошкиот лик на Груевскки, додал Османи.

Слични содржини