Меџити ја почнува процедурата за формирање на ново политичко движење

од Nikola Popovski

Пратеникот на ДУИ и предводник на „Огнената група“, Изет Меџити најави дека од денеска ја почнува процедурата за формирање на ново движење.

Сè уште не сме размислувале за името на движењето. Дебатата е отворена и очекуваме да стигнат иницијативи од граѓаните, изјави Меџити за МИА.

Истакнал дека нема да биде формирана класична партија, туку движење кое ќе го артикулира различното размислување внатре во ДУИ.

Сега мислам дека ќе има два албански политички блока, ќе има моќна позиција и опозиција кои нужно ќе произведат поголем ефект за движењето на албанското прашање, рекол Меџити.

На ваквата идеја јавно се спротивставија, други членови на ДУИ кои се дел „Огнената група“, како што се Блерим Беџети, Муса Џафери и Невзат Бејта.

ДУИ преку внатрепартиски избори веќе избра нови претседателства во 14 партиски ограноци, кои ги заменија „Огнените“. Оттаму и прогласија изборите во ДУИ за нестатутарни и организирани со диктат.

Процесот е фарса, бидејќи е сосема нестатутарен и згора на тоа претседателите се веќе избрани по диктат на пратседателот Али Ахмети пред извесно време. Следствено, ова што се случува денес, дека наводно некој гласа е само евтин театар за дефокусирање на јавноста, велат „Огнените“.

Во меѓувреме се огласи и портпаролот на ДУИ, Бујар Османи.

Тоа е завршено прашање. ДУИ имаше процес на регестрирање на членството. Тие што се запишале, се членови на ДУИ, а тие што не се запишале, може да зборуваат за ДУИ однадвор, рече Османи околу „Огнената група“ и дали можат да им „направат штета“ со најавите за формирање посебна партија.

Слични содржини