Медведев ја упати најострата закана досега: Ако САД сакаат да не поразат, ќе се браниме со нуклеарно оружје

од Radmila Tasevska

Светот се соочува со конфликт на глобално ниво доколку целта на Вашингтон е да ја победи Москва, предупреди денес заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев.

Медведев нагласи дека ако САД сакаат да ја поразат Русија, ќе се бранат со сите средства, вклучително и нуклеарно оружје, пренесува ТАСС.

„Очигледно е за сите сили дека ако САД сакаат да ја поразат Русија, ние одиме кон конфликт на глобално ниво. Ако САД сакаат да ја поразат Русија, ние имаме право да се браниме со секое оружје, вклучително и нуклеарно оружје“, рече Медведев на Телеграм.

Тој потсети дека рускиот претседател Владимир Путин рекол дека е „невозможно да се победи Русија на бојното поле“ и посочи дека тоа е поврзано со одлуката на Русија да го прекине учеството во договорот за стратешко офанзивно оружје СТАРТ.

„Американските елити, кои изгубија допир со реалноста, нека размислат за тоа што постигнале“, нагласи Медведев.

Коментирајќи го обраќањето на американскиот претседател Џо Бајден во Полска, тој оцени дека многу зборови за важноста на одбраната на демократијата и дека Америка нема да ја нападне Русија изгледаат нечесно и смешно.

Слични содржини