Медведев: Не е блеф дека ќе одговориме со нуклеарно оружје ако заканата преминe граници

од Stefanija Kuzmanovska

Заменик-претседателот на Советот за безбедност Дмитриј Медведев денеска изјави дека Русија има право да користи нуклеарно оружје доколку е потребно, во однапред одредени случаи.

„Во строга согласност со Основите на државната политика на полето на нуклеарното одвраќање. Ако сме нападнати ние или нашите сојузници со тој вид на оружје, или ако агресорите со употреба на конвенционално оружје го загрози самото постоење на државата. Тоа неодамна директно го кажа рускиот претседател“, напиша Медведев на Телеграм.

„Тие разбираат дека ако заканата за Русија ја надмине утврдената граница на опасност, ќе мораме да одговориме. Без да бараме ничија дозвола, без долги консултации. И тоа секако не е блеф“, рече Дмитриј Медведев.

Слични содржини