Медведев: Поради воведувањето санкции против Русија ќе има нови воени конфликти

од Stefanija Kuzmanovska

Заменик-претседателот на Советот за национална безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, смета дека воведувањето на западните санкции против Русија ќе доведе до нови регионални воени конфликти каде ситуацијата не е решена по мирен пат долги години.

Медведев оценува дека терористите ќе стануваат се поактивни, дека ќе започнат нови епидемии предизвикани од одбивањето на меѓународна соработка во санитарната и епидемиолошката сфера или директното користење на биолошкото оружје.

Медведев додаде дека санкциите ќе доведат до меѓународна криза со храна и дека во некои земји е можен глад.

Слични содржини