Медведев: Возбудливата љубовна приказна на Европејците и Украинците завршува

од Берта Китинска

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, оценил дека „љубовта“ на Европејците кон Украинците пука, пишуваат медиумите во регионот.

„Изгледа дека возбудливата љубовна приказна на Европејците и Украинците завршува. Европејците повеќе не ги сакаат Украинците, веќе се уморни од нив. Гневните Полјаци се сетија на својот збеснат национализам. Гласно ги потсетуваат речиси четирите милиони Украинци, кои се сместија во нивната земја, на тоа дека се во Полска“, напиша Медведев на Телеграм.

Тој додаде дека „слични процеси се одвиваат и во другите европски земји, кои почнаа „љубовни игри“ со Киев“.

Медведев кажа дека од украинофилија до украинофобија е само еден чекор.

Според него, избледнетите чувства „нема повторно да разгорат никакви ветувања за иден не така скор и нерамноправен брак“.

Слични содржини