Медведев за реакцијата на Западот на посетата на Си на Москва: „Мило ми е ако се бесни“

од Stefanija Kuzmanovska

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Димитриј Медведев, ја оцени реакцијата на Западот на посетата на Си Џинпинг на Русија, велејќи дека му е „мило“ ако тие се бесни.

„Мислам дека и тие се радуваат со нас“, рече Медведев во интервју за „Први канал“ на прашањето дали забележал како реагирал Западот на посетата на кинескиот лидер на Москва.

На забелешката на водителката дека „тие се бесни“, Медведев се насмеа.

„Одлично. Тоа ме прави многу среќен“, наведе Медведев, а пренесува „Спутник“.

Слични содржини