Меган и Хари купиле куќа, старата „не е во стилот на Принцот“

од Vladimir Zorba

Принцот Хари и Меган Маркл тајно купиле семејна куќа во Санта Барбара и конечно се иселиле од милионската вила на Тајлер Пери со 12 соби во кои престојуваа откако се во Америка. Британските таблоиди известуваат дека причина за купувањето е тоа што вилата на Пери „не е во стилот на Хари“.

Според медиумите, тие живеат во новата куќа веќе шест недели, а според неименуван извор, тие самите ја купиле куќата.

„Тие веќе не се гости на никој. Тие сами ја купиле куќата и ова е местото каде што сакаат да продолжат да живеат по напуштањето на Велика Британија“, изјавил изворот, пренесува „Дејли мејл“. „Ова е прва куќа што било кој од нив ја поседува. Ова беше многу посебен период за нив како двојка и семејство – да имаат целосна приватност цели шест седмици откако се преселиле“.

Изворот откри дека Хари и Меган сакаат да „се вкоренат“ во оваа куќа и да го одгледаат својот син Арчи.

Детали за куќата сè уште не се познати, но изворот откри и дека претходната куќа во која престојувале – вилата од 18 милиони долари на Тајлер Пери во близина на куќата на Опра Винфри – „не е во стилот на Хари“.

Слични содржини