Меган и Хари сакаат да го поминат Божиќ во Британија, но какво е расположението на дворот на оваа тема?

од Stefanija Kuzmanovska

По роденденската честитка која принцот Хари и Меган Маркл му ја испратија телефонски на кралот Чарлс по шестмесечната дистанца меѓу нив, сите се надеваа дека нивната врска ќе тргне по нагорен пат, но сега се појавија информации дека тие не се добредојдени за Божиќ во Британија.

Сите знаат дека Меган и Хари не се во добри односи со кралот Чарлс. Имено, нему не му се допаднале негативните коментари кои Хари ги навел за сопругата на Чарлс, Камила, во неговите мемоари „Spare“.

Како што се наведува, поради овој настан тие не биле во контакт цели шест месеци. Меѓутоа, по шест месеци, како што пишува британскиот „Дејли Телеграф“, разговарале со кралот Чарлс по повод неговиот 75-ти роденден, односно таткото и синот разговарале по телефон, а Меган „се наметнала“ во тој повик. Тие наведуваат и дека нивните деца Лилибет и Арчи го изненадиле својот дедо со видео-честитка.

Оваа вест предизвика голема бура и многу негативни коментари. Извор од палатата изјави за Page Six дека Хари и Меган биле многу лицемерни затоа што се дознало за повикот, што јасно укажува на тоа дека славната двојка ги објавила деталите.

„Тие се борат за приватност кога тоа им одговара, а сепак во моментот кога Хари е на телефон со кралот, тоа завршува во весниците“, рекол револтираниот инсајдер.

Сепак, извор близок до Меган и Хари ги негираше овие наводи:

„Секако дека Хари сака да има подобри односи со Чарлс, тој сепак е негов татко“, рекол изворот.

По ова и надежта дека овој пар ќе се смири со Чарлс, сега се појавија нови наводи. Имено, Меган и Хари сакаат да го поминат Божиќ во Британија, но таму не се добредојдени. Според информациите, таму нема да бидат пречекани со раширени раце.

Пријател на актерката и принцот изјавил за „Сандеј Тајмс“ дека би им било многу мило доколку бидат поканети за божиќните празници:

„Се чини дека тие навистина ја удвоија својата стратегија за помирување“.

Од друга страна, некои се прашуваат како на овој пар воопшто може да му падне такво нешто на памет. Упатените блиски до дворот велат дека Чарлс и Елизабета Втора претходно ги поканиле Меган и Хари да летуваат во Балморал, но од 2018 година тие одбиваат да го сторат тоа.

„Зошто го сакаат тоа сега? Дали тоа има врска со фактот дека некои од нивните комерцијални зделки, како онаа со Spotify, пропаднаа и беа предмет на потсмев во Америка, на емисии како South Park и Family Guy?“, додава изворот, сугерирајќи дека Меган и Хари сакаат да си го подобрат имиџот.

Слични содржини