Мексико: Вооружени напаѓачи убиле градоначалник и уште 17 лица

од Stefanija Kuzmanovska

Вооружени напаѓачи убиле градоначалник, неговиот татко и уште 16 лица во државата Гереро во јужниот дел на Мексико, соопштија властите, пренесува АП.

Обвинителството соопшти дека во средата во градот Сан Мигел Тотолапан загинале 18 лица, а уште двајца се ранети.

Се вели дека меѓу загинатите се градоначалникот Конрадо Мендоза и неговиот татко, поранешен градоначалник на градот.

Слични содржини