Мери Николова кандидат за пратеник на ДУИ

од Aleksandar Todeski

Активистката за човекови права, Мери Николова Буџаку, сопруга на еден од челните лица на ДУИ, Агрон Буџаку се најде на кандидатската листа за пратеници на ДУИ, во третата Изборна единица. Таа е трета на листата, а пред неа се Беким Незири и Сафет Ахмедов.

„Ако некој ја препознава твојата способност, како влијателен и истакнат активист кој сторил нешто во оваа држава со многу примери и дела, со многу вложен труд и работа. Ако некој ти пријде и ти каже дека вредиш и заслужуваш да бидиш во редот на најдобрите. Тогаш за мене доволни беа зборовите и взаемно пружената рака за договор да бидам на листа во ИЕ3. Не ми ветија, не ме излажаа ништо, како што веќе еден го стори тоа. Ако ним и треба жена борец, мени ми треба Лидер кој знае да ги цени активистите, кој има свое достоинство и збор. Ви благодарам ДУИ. Ви благодарам Г-дин Али Ахмети“, напиша Николова на Фејсбук.

Сопругот на Николова, Агрон Буџаку, во моментов е директор на Центарот за управување со кризи, но претходно беше министер за транспорт и врски, амбасадор на Македонија во Франција, а во 2009 година, беше кандидат за претседател на ДУИ.

Слични содржини