Меркел спроведува мерки ширум земјата: Потребни сме им на медицинските работници

од Stefanija Kuzmanovska

Германската канцеларка Ангела Меркел денес потврди дека владата одлучила да побара од парламентот привремени овластувања, за да може да воведе мерки против коронавирусот низ целата земја.

На прес-конференцијата, Меркел посочи дека единствена мерка е неопходна подолго време и дека ситуацијата во Германија е сè уште многу сериозна.

– Не смееме да ги занемариме повиците за помош на медицинските лице. Потребни сме им – рече канцеларката.

Таа посочи дека е договорено мерката за заклучување да се примени кога инциденцата ќе го надмине нивото од 100.

Владата во Берлин ќе побара од Бундестагот да ѝ даде привремени овластувања, за да може да спроведе заклучување низ целата земја, откако неколку германски покраини не ги спроведоа договорените мерки против ширењето на третиот бран на коронавирус.

Кабинетот на канцеларката Ангела Меркел се залага за итни измени на законот за заштита од инфекцијата, со цел да ѝ се дадат на федералната влада поголеми овластувања за воведување мерки во одредени ситуации.

Слични содржини