Мета: Однесувањето на Заев е пример кој треба да се следи во регионот

од Nikola Popovski

Претседателот на Албанија, Илир Мета ја оценува како позитивна работата на поранешниот премиер Зоран Заев.

-Неговите напори за спроведување на Преспанскиот договор не беа мали. Овој договори овозможи Македонија да биде дел од НАТО. Да не заборавиме дека овој процес го започнавме заедно со Хрватска и Македонија преку „јадранската карта“ преку САД. Јас бев тогаш министер за надворешни работи, а од страна на Македонија беше Госпоѓа Митрева, рече Мета во синоќешното интервју за ТВ 21.

Албанскиот претседател посебно го вреднува Заев бидејќи Македонија заостанувала, но со влегувањето во НАТО, проблемите се надминале и започнал европскиот пат и процес на земјата.

-Не сакам да навлезам во другите заслуги но мислам дека неговото однесување беше демократско, еден пример кој треба да се следи во нашиот регион. Тој беше еден политичар кој и служеше на демократијата во својата земја и на мирот во нашиот регион. Тоа е мојата оценка а што се однесува до начинот на владеење тоа е ваше да оцените, додава Мета.

Слични содржини