Мицкоски: Потребна е лидерска средба за датум за избори

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски изјави дека е време за лидерска средба која би можел да ја иницира и претседателот на Собранието Талат Џафери, во спротивно вели можна е уставна криза.

„Ние за неколку месеци од денеска ќе имаме исклучително два значајни изборни процеси. Едниот се претседателските избори, прв и втор круг, а вториот се парламентарните избори. Мислам дека на неколку месеци пред тие изборни циклуси да нема никаква активност е навистина неодговорно и тоа за првпат можеби се случува на македонската политичка сцена и затоа јас излегов со предлог идеја за лидерска средба. Ги слушнав одговорите од официјалните лица, од Артан Груби и Димитар Ковачевски за тоа што мислат тие за тоа. Но, кога зборувам за лидерска средба мислам на лидерска средба во формат во кој што ние ќе разговараме за дати за избори бидејќи можеме да влеземе во уставна криза и потоа процесите да бидат уставно предизвикани, а да бидам попрецизен да бидат и неуставни“, изјави Мицкоски на новинарско прашање при денешната посета на Велес во рамките на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“.

Мицкоски додаде дека една ваква лидерска средба може да биде организирана и од претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Слични содржини