Microsoft: За новиот Office, дополнителни 30 долари месечно

од Stefanija Kuzmanovska

Microsoft објави дека ќе наплаќа по 30 долари месечно за нова верзија на канцеларискиот софтвер што ќе има AI генеративни функциi. За регистрираните корисници на новата функција, тоа значи зголемување на цената на услугата пакет Microsoft 365 од 53 на 83 отсто.

Пакетот претходно беше познат како Office 365, а минатата година беше користен во повеќе од 380 милиони канцеларии ширум светот, пренесува Financial Times. Одлуката на Microsoft значи повеќе приходи за технологијата so вештачка интелигенција за која многумина во индустријата се надеваат дека ќе обезбеди силен поттик за приходите. Од Microsoft ја објаснија одлуката за поскапување на софтверот, наведувајќи дека станува збор за генерациска промена која носи нова димензија на производот.

Извршниот директор на Microsoft, Сатја Надела, оцени дека ова е „третата фаза“ од програмата на Office. Тој изјави дека новите функции на вештачката интелигенција овозможуваат автоматизација на рутинската работа и зголемување на продуктивноста. Вредноста на акциите на Microsoft се зголеми за 3,98 отсто, достигнувајќи нов рекорд.

Microsoft ја искористи годишната партнерска конференција за промовирање производи и услуги базирани на вештачка интелигенција, вклучително и верзија на четботот за деловна комуникација, која претходно можеше да се пронајде во пребарувачот Bing. Компанијата на конференцијата најави дека ќе наплати 30 долари повеќе за новите софтверски услуги.

Новиот чет-бот е наменет за компании кои сакаат да се заштитат од можно тајно внесување на чувствителни корпоративни податоци во комуникацијата, што би можеле да го направат вработените. Други технолошки компании како OpenAI наплаќаат за нови премиум верзии на програми за разговор.

Слични содржини