Ова утро на македонската граница, мигрантите, полуголи и со транспаренти го изразија својот револт поради фактот дека веќе повеќе од една недела се заглавени пред македонската границајави Канал 77.

migranti

Револтот на економските емигранти станува се’ поголем, бидејќи тие се заглавени на македонско-грчката граница, токму поради одлуката на владата да се пропуштаат само бегалци коишто доаѓаат од воените жаришта. Пред само два дена еден од нив се обиде да се самоубие, односно да се обеси, а денеска тие почнаа со игла и конец да си ги зашиваат усните. Полуголи и со транспаренти, извикуваа – „Ние не сме убијци, сакаме слобода. Отворете ги границите!”

sienje

Кампот пред границата утрово осамна со уште поголем број шатори и мигранти, од коишто најмногу во моментов се од Иран, Бангладеш, Сомалија, Алжир и Пакистан.

Вчера издадени 5.979 потврди за искажана намера за азил

Грчките власти во меѓувреме им обезбедиле транспорт за да се вратат назад, но бројот на мигрантите сепак не се намалува бидејќи постојано доаѓаат нови групи.

Засега, ситуацијата на границата е мирна. На околу 1000 мигранти не им се дозволува влез на територијата на Република Македонија, додека за останатите бегалци процедурата се одвива нормално.

Министерот за надворешни работи Никола Попоски, пак на денешната средба со амбасадорите во Македонија им соопштил дека земјата ќе ги преземе сите неопходни мерки и ќе ги употреби сите ресурси за заштита на границата и спречување неконтролирани премини на мигрантите, кои ќе ги насочува кон точки каде можат да бидат регистрирани.

Според него, ќе им биде обезбедена помош и премин на сите мигранти кои доаѓаат од воени зони. Тој ги инфромирал и дека за нив може да се обезбедат определени капацитети за ограничен престој, но мигрантите од економска природа нема да се пропуштаат, ниту пак, Македонија може да ги згрижува на своја територија.

Слични содржини