Милан размислува да го привлече Умтити

од Vladimir Zorba

Милан размислува да испрати понуда до дефанзивецот на Барселона, Самуел Умтити за време на зимската пауза. „Росонерите“ итно бараат замена за повредениот Симон Кјаер и клубот го сврте вниманието кон 28-годишниот Французин, вели новинарот Руди Галети.

Умтити е закотвен на клупата на Барселона и не е дел од плановите на Чави. Каталонците со задоволство ќе се ослободат од него. Тој има договор до 2023 година и зема многу сериозна плата за играч кој има статус на резерва. Дефанзивецот нема запишано ниту минута од почетокот на сезоната, а последниот меч за Каталонците го имаше на 22 мај 2021 година, кога влезе како замена во второто полувреме против Елче.

Во исто време, „Сан Сиро“ се надева дека ќе го земе Умтити за скромна сума за трансфер и нема да го преоптоварува нивниот буџет. Постои опција „росонерите“ да го привлечат прво на изнајмување до лето, со опција за откуп.

Слични содржини