Милановиќ: Хрватска сама ја помина војната, немаше поддршка од светот

од Milan1

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска во Винковци се осврна на војната во Украина и истакна дека кога Хрватска минувала низ своето страдање, ужас, кошмар пред повеќе од триесет години, немало поддршка од светот, уште помалку оружје, освен меѓународно признавање која дојде доцна.

„Сè што постигнаа вашите претходници, тие го постигнаа целосно сами, без ничија помош, со опструкции“, рече Милановиќ во обраќањето до припадниците на гардиската оклопна механизирана бригада на Хрватската армија, по повод 15-годишнината од нејзиното формирање.

Милановиќ рече дека Хрватска работела со години, докажувајќи и верувајќи дека нејзиниот пат бил тежок, со грешки, крвав, но пред се, како што наведе, чесен, праведен и со цел што е оправдана и поддржана од огромното мнозинство хрватски граѓани и хрватскиот народ.

Слични содржини