Милановиќ: Крај на војната во Украина кога Русија ќе победи или доколку падне владата во Москва

од Nikola Popovski

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ изјави дека единствен начин да се запре војната во Украина е да победи Русија или да дојде до промена на власта во Москва.

„Русија не смее да ја изгуби војната, има огромна енергија и ресурси да победи во војна против речиси секого и тие се таму како нуклеарна сила. Единствениот начин на кој гледам дека може да доведе до крај на оваа агресија врз Украина е промена на власта во Русија“, рече Милановиќ, обраќајќи им се на студентите во Сплит.

Сепак, тој додаде дека низ историјата имаме некои искуства за тоа како изгледа кога се менува владата во Москва – од условите на глобалната криза до фактот дека половина свет се опоравува од неа во следните 50 години.

Веројатно не би биле некои весели момчиња и девојки на шарени велосипеди со корпи напред кои се за братство и еднаквост, изјави Милановиќ.

Тој додаде дека не се сретнал со претседателот на Русија Владимир Путин и дека двапати го избегнувал, а потсетил и дека во 2014 година на поранешниот светски шампион во шах Гари Каспаров му дал хрватско државјанство, бидејќи „многу работел за Хрватска во деведесетите, кога никој друг не работел“.

„Русија мора да ја добие војната, од нивна гледна точка мора да ја добие, а единствен начин да не победи е да се смени власта, што нема да се случи без договор на САД, Велика Британија и Русија. Без нив нема договор“, изјави Милановиќ.

Тој повторно ја коментираше обуката на украинските војници во Хрватска.

„Не знам што некој би можел да ги научи Украинците овде, бидејќи генерацијата што може да ги научи на нешто одамна е во пензија. Украинците во моментов знаат повеќе од Русите, знаат повеќе од Американците за работи што се важни, а се друго се пари“, рече Милановиќ.

Слични содржини