Милановиќ: Садизам би било доколку Хрватска дозволи БиХ да биде изоставена како кандидат за членство во ЕУ

од Nikola Popovski

Финската премиерка Сана Марин утре доаѓа во посета на Хрватска, а претседателот на земјата Зоран Милановиќ рече дека тоа е добра можност „да разговараме за приказната што започна со Украина и Молдавија, да им дадеме кандидатски статус, што е една надеж, да и го доделиме на БиХ. затоа што повторно никој не го кажува тоа, како таа држава да не постои“.

„Јас сум за тоа на цела БиХ да и се даде тој сигнал дека се добредојдени, бидејќи ќе биде многу тешко, речиси невозможно да се објасни како Украина и Молдавија можат да бидат кандидати, а БиХ не. Приказни дека Комисијата предложила нешто, тоа е мачкина опашка, некој секогаш и намигнува на Комисијата, таа не е автономна во такви работи“, рече Милановиќ, пренесува ХРТ.

Некој друг одлучил или се согласил, смета тој, да има пријателски настап кон Украина и Молдавија.

„Тоа е добро, но Хрватска не може да дозволи БиХ да биде изоставена од тој круг како кандидат“, рече Милановиќ.

Милановиќ вели дека доколку не добијат кандидатски статус, ние практично не ги признаваме како држава. Прескокнувањето на нив би било како садизам, додаде тој.

„Тие се Европа, но тие се и наши соседи, тука малку отспиеш и веќе сте во БиХ. Тоа е држава со која имаме граница од 1.000 километри“, рече хрватскиот претседател.

Тој очекува хрватската влада и премиерот да застанат зад тоа.

Слични содржини