Милијардер поделил девет милиони долари преку Твитер

од Nikola Popovski

Јапонскиот моден тајкун Јусаку Маезава подели преку Твитер девет милиони долари за илјада свои следачи, со желба да провери дали луѓето навистина се посреќни кога имаат повеќе пари.

Илјада луѓе кои го ретвитуваат неговиот налог на Твитер ќе добијат по 9.000 долари.

Тој објасни дека го започнал овој социјален експеримент со цел да ги поттикне научниците и економистите да отворат расправа за универзалните приходи.

Маезава е познат и по тоа што ќе биде еден од оние кои ќе заминат во мисијата на Месечината. Тој на Твитер бара сродна душа, на која ќе и понуди „брачно патување“ на Месечината.

Слични содржини