Милошоски: Сите честитки на ромски јазик од Спасовски сега испаѓа дека биле само предизборна хипокризија

од Vladimir Zorba

„Хибриден режим е и кога полицијата грубо ги крши човековите права на граѓаните, особено на Ромите, со брутално тепање по улици!
Сите честитки на ромски јазик од МВР Спасовски сега испаѓа дека биле само предизборна хипокризија, накитена со пакет прехрамбени производи, кон оние кои денес се реални жртви на полициското насилство“, пишува пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски по повод инцидентот.

Претходно премиерот Зоран Заев ја осуди бруталноста на полицијата.

„Бруталноста од страна на полициски службеници врз граѓани Роми, што ја видовме вчера во видеото на социјалните мрежи, е за најсилна осуда.
Таквото однесување е срамно за полицијата, ја заслужува осудата која пристигна од јавноста.

За поздравување е што Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи го утврди идентитетот на учесниците на овој исклучително немил настан, и очекувам дека многу бргу, по утврдените околности да следува целосна одговорност и соодветна казна на сите инволвирани во случајот.

Вложивме многу во менувањето на ликот и однесувањето на полициските службеници и нема да дозволиме, дури и вакви изолирани случаи, да поминат без одговорност и соодветна казна“, посочи Заев.

Слични содржини