Милвоки преку шампионот Торонто до 50. победа оваа сезона во НБА лигата (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski

Тимот на Милвоки бакс ја забележа победата број 50 во тековната НБА сезона, откако ноќеска на гостински терен го совлада бранителот на трофејот Торонто репторс.

Најзаслужни за, триумфот на Бакс беа Крис Мидлтон со 22 поена и осум скока и Јанис Адетокунбо со 18 поени и 17 скокови.

Резултати на натпреварите од НБА лигата одиграни ноќта меѓу вотник и среда:
Индијана – Шарлот 119:80
Торонто – Милвоки 97:108
Чикаго – Оклахома Сити 122:124
Денвер – Детроит 115:98
Лос Анџелес лејкерс – Њу Орлеанс 118:109
Портланд – Бостон 106:118
Голден Стејт – Сакраменто 94:112.

Најуспешен тим на Запад е ЛА Лејкерс со 44 победи и 12 порази, Милвоки е лидер во Источната конференција со биланс  50 победи и осум порази.

 

Слични содржини