Покачувањето на минималната плата на 18.000 денари ќе се случи во брзо време, најави вечерва вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи во гостувањето на емисијата „Економски Магазин“.
Според него, дијалогот е тој што детерминира кога тоа треба да се случи.
-Нема да одговорам во време, но многу брзо ќе се случи покачувањето, информира Битиќи.
Вицепремиерот додаде дека време на пандемијата државата успеа да задржи 60.000 работни места.
-Факт којшто не треба да се занемари. ММФ пред само месец и половина кажа дека ако не беа економските мерки на владата во Македонија, најверојатно ќе беа изгубени 60 000 работни места, наведе Битиќи.