Министерство за правда: Комората на извршители  да го испита случајот со нападнатиот новинар

Извршителите се должни да го применуваат Кодексот на професионална етика кој претставува збир на пишани стандарди за однесување и постапување на извршителите во рамките на својата дејност, велат од министерството.

од Бети Божиноска

Министерството за правда побара од Комората на извршители  да го испита случајот поврзан со новинар, а во кој е инволвиран извршител  од Гостивар и ако постои евентуално пречекорување на Законот за извршување и Кодексот на професионалната етика на извршителите, да се преземат соодветни мерки.

„Како Министерство за правда посочуваме дека извршителот е должен во однесувањето кон јавноста да постапува покажувајќи афирмација и уважување на дејноста извршител, да не се однесува навредливо, да биде трпелив, достоинствен и учтив како и да ги почитува странките и нивното достоинство,“ се вели во соопштението.

Извршителите се должни да го применуваат Кодексот на професионална етика кој претставува збир на пишани стандарди за однесување и постапување на извршителите во рамките на својата дејност, односно примена на Законот за извршување.

Слични содржини