Министрите на ДУИ на рапорт пред новото партиско раководство

од Destan Jonuzi

По формирањето на партиските тела на 15 октомври, новото претседателство на Демократската унија за интеграција (ДУИ) ќе заседава во сабота во Мала речица – Тетово за да побара одтчет, поточно да ги слушне извештаите на првиот вицепремиер, министрите и замениците министри за досегашните постигнувања на партијата во совладеењето со СДСМ.

„Локално“ од партиски извори дознава дека сите министри и заменици министри на ДУИ, пред да ги претстават своите извештаи пред раководството на партијата на средбата во сабота на 29 октомври, ќе ги испратат на проверка до првиот вицепремиер Артан Груби .

– ДУИ во својата 20-годишна политичка битка имала и други министри, но сите биле независни во работата. Не беа диригирани како што денеска ги диригира првиот вицепремиер. И не само тоа, целата моќ на ДУИ ја централизираше на себе и сите досегашни одлуки поминаа низ негови раце. Затоа треба да се отвори партијата и сите одлуки да одат низ органите на партијата, велат од групата незадоволни од работата на партиските функционери во ДУИ.

Но, без разлика на овие и други забелешки, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во последните настапи изјави дека е задоволен од застапеноста на партијата во извршната власт. Од друга страна високи експоненти на оваа партија истакнаа дека дури и да има реконструкција на кабинетот Владата, министрите и кадрите на ДУИ нема да бидат засегнати од таков процес.

Одговорноста на функционерите беше едно од клучните барања на „огнената група“, кои во својот допис, покрај формирањето на партиски тела, ја потенцираа и потребата од неспроведување витални проекти за Албанците, капитални инвестиции во средини со Албанско мнозиство население и неспроведувањето на Законот за употреба на јазиците. Меѓу другото незадоволните интегративци бара и реконструкција на министрите кои не работеле согласно партиската програма.

Д.Ј.

Слични содржини