– Тие му оддаваат почест на исклучителен филмски работник, но сето тоа јас воопшто него доживувам така. Љубиша за мене не е глумец, ниту режисер, ниту продуцент. Тој е мојот Бека. Се што сум правела во животот беше поради тоа да ние двајцата спроведеме некоја своја идеја, приватна или професионална, но никогаш не сум сакала да се експонирам. На моето битие му годеше да биде во сенка, така да и се ова што овие деновиве и сега во Кинотеката го зборуваа неговите колеги и пријатели, јас го чувствувам низ една подруга призма. Секако го ценат тоа што го кажаа, и многу сум им благодарна на тоа, но за мене мојот Љубиша, мојот Бека, беше некој кој наутро ми вареше кафенце. Ние од некои јавни гужви секогаш бегавме за да можеме сами да си го испиеме кафето, и таа секогаш беше најдобро. Така со децении, повеќе од педесет години!
Јас бев многу млада кога се заспознавме на Блед, имав само 17 години, а Љубиша 25, ме ожени кога речиси уште бев во школската клупа. И никогаш ни за момент не се одвојувавме, освен кога тој снимаше. Тој не беше боем, не седеше по кафани, ја сакаше куќата, семејството, мирисот на домашното огниште во секој поглед, во заедничкиот ручек, вечера, интимните разговори..

Мирјана Самарџиќ зборува дека нејзиниот Љубиша речиси до самиот крај сонувал за иреални работи, за снимање на едно капитално филмско дело, иако тоа подразбира голема материјална подлога и натчовечки напор, но тој секогаш зборуваше дека соништата го продолжуваат животот. Сакаше , да сними филм по најубавиот роман на Иво Андриќ “Травничка хроника”, но тоа за жал никогаш не му се оствари, рече Мирјана Самарџиќ.