Мисајловски за РСЕ: Бараме избори за да се смири ситуацијата

од Nikola Popovski

Потпретседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски смета дека еден од главните фактори за намалување на оваа политичка криза се избори.

„Дента кога требаше да се гласа овој пакет мерки, не кога дојдоа со скафандери, туку неколку дена претходно, неколку пратеници од ДУИ фалеа, и тие не беа заболени или слично, но не беа присутни на седницата и тоа беше дополнително фрлање масло на огнот, бидејќи тие сами не може да се соберат за своите закони. Затоа, една од основните работи за да се смири оваа ситуација и власта и Собранието да почнат нормално да работат се избори“, изјави тој во интервју за РСЕ.

Тој исто вели дека ВМРО-ДПМНЕ не го блокирала Собранието.

Слични содржини