Мишел Обама започнува кулинарско шоу за најмладите на Нетфликс

од Stefanija Kuzmanovska

Поранешната прва дама на САД, Мишел Обама ќе биде sвезда и извршен продуцент на шоуто Waffles+Mochi, кое ќе започне да се емитува од 16 март.

Говорејќи за оваа кулинарска емисија, Обама објасни дека нејзината содржина ќе биде наменета за деца. Имено, во неа ќе се појават две кукли со симболични имиња: Waffles и Mochi, а таа наводно ќе биде сопственик на маркетот. Ова шоу всушност ќе го покаже нивното „патување“ на кое се обидуваат да станат готвачи.

„Заедно со пријателските лица како сопственичката на супермаркет Мишел Обама, во шоуто ќе се појави и магична летачка корпа како водич. Меѓутоа, главни ликови ќе бидат Waffles и Mochi кои ќе патуваат низ светот преку шоуто, ќе се сретнат со странски кујни, ќе си играат со разни зачини, ќе готват со познати готвачи, деца, но и познати личности“, соопшти Нетфликс.

Темата на шоуто е поврзана со слоганот на Обама „Ајде да се движиме“, а токму овој слоган ја одбележа нејзината кампања за јавно здравје, чија цел беше борба против дебелината кај децата.

Слични содржини