Мишел: Западен Балкан е приоритет за ЕУ, сега повеќе од кога било

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, кој денеска во Подгорица се сретна со црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ, изјави дека ова е важен момент за европската иднина на Западен Балкан и дека Западен Балкан е стратешки приоритет на ЕУ, сега повеќе од кога било.

„ЕУ беше обединета во воведувањето санкции кон Русија, а притисокот го обезбедува континуитетот на шест пакети санкции“, рече Мишел на заедничката прес-конференција со Ѓукановиќ, велејќи дека Западен Балкан е стратешки приоритет за ЕУ и тоа сега повеќе од кога било.

„Црна Гора е постојан партнер на ЕУ повеќе од една деценија и има рекорд од 100 отсто усогласување со политиката на ЕУ“, изјави денеска во Подгорица Шарл Мишел.

Слични содржини