Мицкоски: Ако еднаш го излажеш народот, нема да чека тоа да се случи вторпат

од Aleksandar Todeski

Влегуваме во финалето на една многу важна битка за Македонија. Ова е битка за вредности и принципи, која мора да се избори за правдини, рече лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Микоски, на партиската Конвенција.

„Сигурен сум дека сме пред прагот на една убедлива победа. Победа, затоа што се што имавме до сега се порази. Овој 12 април ќе биде крајот и раскрстување со едно темно минато, обнова која треба да донесе подобро за секого. ВМРО-ДПМНЕ е таа надеж која ќе ги донесе промените, тој спој на луѓе и вредности кој ќе се спротивстави на оние кои донесоа разочарување. Една е вистината за власта на СДСМ и Заев, неспособни се и криминални и одат во погрешен правец“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека борбата никогаш не престанувала, бидејќи секоја генерација имала своја битка, а тие требало да извојуваат победа за подобри времиња. Вели, нивната обнова ќе донела повеќе пари, среќа, сигурност и верба дека ќе успејат.

„Политиката мора да биде доблест, прагма која решава проблеми, гради мостови и создава иднина. Само така ќе одиме вистински напред. А јас, само така ја разбирам својата улога во политиката. Кога ќе ја слушнам политиката од другата страна, како да се враќам во една временска машина четири години наназад. Морам да ви порачам дека тие се завршена приказна. Народот знае дека еднаш ако го излажеш, нема да чека тоа да се случи вторпат. Народот нема да му даде втора шанса зошто народот препознава кога го лажеш“, рече Мицкоски.

 

Слични содржини