Мицкоски: Да се прогласи кризна состојба и да се најде правна основа за одложување на изборите

од Aleksandar Todeski

Сакам да изразам благодарност до сите лидери присутни на средбата, затоа што сите одлучивме дека здравјето е пред и над се и дека треба да ги напуштиме тесните партиски интереси кога најмногу наијата и граѓаните на Македонија очекуваат од нас и тоа се случи, праткично сите донесовме одлука дека одложувањето на парламентанрите избори е возможно и треба да се случи, рече лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по лидерската средба во претседателската вила.

„Она за што се разви дилема и имаше дискусија за време на состанокот беше да се најде правна основа како тоа да се реализира. Она кое е став на ВМРО-ДПМНЕ во минатото, сега и ќе биде став во иднина, е да се почитуваат Уставот и Законите. Имаше неуставни предлози да се свика собранието повикувајќи се на минати искуства, но од наша страна беше аргументирано дека тие минати искуства и тоа што денеска е реалност не може да се споредат, зошто ситуациите не се исти. Тогаш одлуката беше со одложено дејство заради таа причина Уставниот суд донесе одлука, па Собрането два пат се враќаше“, вели Мицкоски.

Тој посочи дека ставот на опозициската партија е дека треба да се офмира експертски тим кој ќе донесе правен фундамент, односно одлука за одложување на изборите.

„Побаравме нешто што е различно од другите лидери, дали да имаме кризна или вондредна состојба. Значајно е што вонредната состојба не е регулирана состојба со закон. Постои Закон за управување со кризи, кога беа поплавите се повикувавме на тоа и се дејствуваше како што е дефинирано со Законот за кризи. Можеби е најдобро да се прогласи состојба на криза на територијата на целата држава, а дури потоа, после 30 дена да се оди кон прогласување на вонредна состојба или кризна состојба во региони опфатени со коронавирусот“, рече Мицкоски, додавајќи дека секундарно е справувањето со економската криза во земјата.

Слични содржини