Филипче за Мицкоски: Наскоро и Вајц може да очекува црна кампања

„Сега, според Мицкоски, испаѓа дека и Вајц и медиумите лажат?“, прашува лидерот на социјалдемократите

од Nikola Popovski
93 прегледи Фото: Принтскрин/Фејсбук

„Мицкоски им вели на медиумите дека не знае кој извештај на Вајц го читале и дека станува збор за „комплетен антипод“. Сега, според Мицкоски, испаѓа дека и Вајц и медиумите лажат“, прашува лидерот на СДСМ, Венко Филипче за денешната изјава на премиерот.

Според Филипче, „наскоро и Вајц може да очекува црна кампања преку Орбановите медиуми, можеби ќе почне и да го навредува, како што Вучиќ го нарекува Тонино Пицула кога не му се допаѓа извештајот на ЕУ“.

„Оваа тактика веќе ја знаеме: сите што не му се потчинуваат или имаат различно мислење ги нарекува „медиокритети“, „талог на општеството“ или „мочуриште“. Класика. Доаѓа времето на вистината“, стои во објавата на лидерот на социјалдемократите.

Претходно како одговор на прашање на „Локално“, претседателот на Владата рече: „Не знам кој извештај сте го читале од известувачот Вајц. Јас тој извештај што го слушав е комплетно спротивен од вашето прашање“.

По критиките од Вајц за немање реформи, Мицкоски вели дека тој чул сосем спротивен извештај

Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Вајц порачал дека меѓусебното почитување меѓу земјите-членки и земјите-кандидати е основа на нашата соработка во Европската Унија. Запрашан за европскиот пат на нашата држава, Вајц во интервју за „Euronews Bulgaria“, истакнал дека само заедно, особено во овие геополитички времиња, само заедно како европски народи, можеме да го браниме нашиот европски начин на живот и нашите европски вредности.

-И ова важи за сите влади, како и за владата на Северна Македонија. И во последната година не видовме никаков напредок, никакви реформи. И не станува збор само за започнување преговори, туку и за реформската агенда, Планот за раст. Ако земјата не ги спроведе потребните реформи, 47-те милиони евра нема да одат кај неа, туку кај соседните земји, рекол Вајц.