Мицкоски добил два судски спора, против СДСМ и Љупчо Ристовски од Интегра

од Берта Китинска

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ја доби правната битка против СДСМ и лидерот на Интегра,Љупчо Ристовски. Toj на својот Фејсбук профил ја објави пресудата на Основниот граѓански суд Скопје .

Според Судот, објавата во која од СДСМ напишале „Антизападниот пион Христијан Мицкоски е продолжена рака на криминалецот Никола Груевски“, согласно членот 6 од Законот за граѓанска одговорност за клевета и претставува навреда. Како клевета наведени се во пресудата уште две изјави на СДСМ. Мицкоски во случајот барал симболичен надомест од едно евро.

– И со вака исклучително заробено судство, со исклучително ниска доверба, вистината не може да се заобиколи, а лагите да бидат премолчени. Канонадата на клевети, лаги и измислици од СДСМ и останатите нивни јавни, полутајни и тајни партнери, доаѓа време да се разобличи. Инстант клеветите и невистинитите афери нема да им донесат кариера на инстант залутаните во политика. Ова значи дека сме на вистинскиот пат, се до конечна победа! Колку тие пониско удираат толку ние повисоко се креваме!, пишува Мицкоси.

Покрај добиената тужба поднесена против СДСМ, Мицкоски по судски пат за клевета и навреда го доби и Љупчо Ристовски од Интегра.

Судот утврдил дека тужениот Ристовски со цел да го наруши угледот на Мицкоски изнел невистини дека ВМРО-ДПМНЕ и лидерството било против македонските национални интереси.

Слични содржини