Мицкоски: Не чувствувам одговорност доколку не добиеме датум за преговори со ЕУ

од Viktor Jovanov

Законот за Јавно обвинителство не е услов за добивање датум за преговори со ЕУ односно процесот на приближување кон ЕУ. Не знам зошто би чувствувале како опозиција одговорност доколку не се постигне овој договор или доколку не добиеме датум. Предлагачот е тој што треба да чувствува одговорност доколку одредено законско решение не биде донесено. Владата треба да се издигне над ситуацијата, да покаже зрелост во процесот, да ги надмине оние лични фрустрации во делот на заштита на интересите кои ги имаат и да го прифати предлогот кој го даде ВМРО-ДПМНЕ, а тоа е да дозволиме експертите да го изготват тоа законско решение, изјави лидерот на партијата Христијан Мицкоски.

-Доколку експертите го прават законот ние безусловно ќе го поддржиме . Во тој процес треба да се издигнеме над политичките интереси Имаме техничка влада, со ограничени маневарски капацитети. Чувстувам дека граѓаните ја губат довербата во системот и тие дополнително ќе биде разочарани доколку преку насилен пат биде спречено тоа што е договорено. Не е ВМРО-ДПМНЕ виновно што сме во ваква ситуација. Доколку постои вистинска желба да се реши тоа прашање, ќе се реши, вели Мицкоски

Тој тврди дека ставот ВМРО-ДПМНЕ е јавното обвинителство да ги води процесите како и што ги преземале од СЈО.

-ЈО да ги води процесите, како што ги преземаа така нека ги водат. Сите случаи кои се отпочнати до крај да се истераат. Ние само побаравме во оваа држава дас е почитува законот и Уставот, рече Мицкоски.

Слични содржини