Мицкоски нема да ги признае бројките од пописот на дијаспората

од Nikola Popovski

„Не мене не ми е сеедно дали мојот БДП ќе го поделам од 11 милијарди евра на резидентното население кое ја остварува таа бројка или со регистарот на државјани кои создаваат БДП во државите каде што живеат тоа нема да го прифатам. Тоа е лажирање“, изјави денес претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, нагласувајќи дека ниту тој ниту ВМРО-ДПМНЕ нема да ги признаат бројките од попишаното нерезидентно население.

Тој додаде дека во методологијата на Еуростат јасно се наведува што е резидент, што е дијаспора, што е привремен резидент. Сите оние кои што се во момент на попис, надвор, а не го одјавиле живеалиште во рок од 12 месеци, може да ја користат онлајн апликацијата.

„Сите лица кои што имаат повеќе од 12 месеци одјавено живеалиште во Македонија не може заедно со мене да влезат во вкупната бројка на резидентно население. И јас и ВМРО-ДПМНЕ тие бројки нема да ги признаеме. И не постои сила која што мене ќе ме натера да одам спротивно од стандардите на Еуростат“.
Мицкоски посочи дека такви несериозни работи и луѓе кои користат национализам за да ги зачуваат своите привилегии ги злоупотребуваат чувствата на граѓаните во Македонија не само на Албанците, туку и на останатите кои живеат во Македонија, Македонците, Турците, Србите, Ромите, Власите, И во Сарај, и тој во Грчец, и тој во Желино кој што мака мачи денеска да го помине денот и да го прехрани своето семејство исто живее како тој во Ново село, Босилево, Василево. Тие луѓе кои го одјавиле местото на живеење од Македонија ќе бидат попишани во државата каде што живеат, а не тука. Не може два пати да бидат попишани. Колку и да сакаат да се трудат малкумината политичари од албанските партии да ги злоупотребуваат чувствата на Албанците нема да успеат“, нагласи Мицкоски.

Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, во јули најавува нов конкурс за попишувачи, кои треба да бидат вакцинирани во август пред почетокот на презакажаниот попис на резидентното население од 1 септември.

„По одложувањето на пописот за септември, целиот процес ќе се повтори. Пред одложувањето, попишувачите беа во приоритетните за вакцинација, но 5 месеци е долг период и можно е во меѓувреме дел од нив да се вработат, а услов е попишувачите да се невработени. Ќе го повториме конкурсот за попишувачи, секако тие кои веќе беа избрани ќе имаат предност доколку повторно се јават на огласот. Се надевам дека до септември ќе се смени и ситуацијата со пандемијата, бидејќи сега имавме многу попишувачи кои се откажаа поради страв од зараза“, изјави Симовски.

Така, пред одложувањето на пописот во Куманово од 300 попишувачи само 100 се пријавиле дека сакаат да се вакцинираат со вакцината на „АстраЗенека“. Симовски додава дека имунизацијата не е задолжителна и таа ќе биде на доброволна основа

Слични содржини