Mицкоски очекува за неколку денови да ги започнеме преговорите со ЕУ

од Берта Китинска

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски очекува за неколку денови земјата да ги започнеме преговорите со ЕУ.

-Очекувам земјата да ги започне преговорите со ЕУ за нешто повеќе од една недела од денеска, затоа што тоа го заслужи не само поради реформите, туку едноставно, поради сето она што го направија македонските граѓани. Македонија заслужи да има почеток на преговорите, изјави Mицкоски.

Според него крајно време е ЕУ на дело да ги покаже своите вредности.

-Ние ги споделуваме тие вредности со ЕУ и навистина ова е крајно време ЕУ на дело да ги покаже своите вредности и да ги напушти оние хегемонистички барања на нашиот источен сосед коишто немаат никаква врска со европските вредности, туку тоа се едни барања коишто се можеби соодветни за 2-3 века во минатото, а не за два или три века во иднината, кажа Мицкоски.

Слични содржини