Мицкоски од Љубљана: Две земји-членки на ЕУ не даваат краен рок за интегрирање на земјите од Западен Балкан

од Nikola Popovski

Очекувам недвосмислена и целосна поддршка за интеграција на Западниот Балкан во рамките на ЕУ и јасна европска перспектива за земјите од регионот. Но, она што ме загрижува е информацијата дека на инсистирање на земја членка на ЕУ, за да се фиксира прецизен датум како краен рок за интегрирање на земјите од Западен Балкан, за жал, две земји членки не ја прифатиле иницијативата, ова да биде дел од заклучоците на утрешниот Самит, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од посетата на Словенија, каде присуствува на Самитот на ЕПП.

Според него, ако оваа информација е вистинита, се доведува во прашање јасната европска перспектива на земјите од Западен Балкан.

-Во изминатите 52 месеци, оваа Влада на СДСМ и Зоран Заев, ни раскажуваат соништа, а целта е да се одржат што подолго на политичката сцена. Така ќе продолжат нормално со криминалот и скандалите за кои сме сведоци веќе 5-та година. Моментално, оваа информација разочарува, но среќен сум што најголемото политичко семејство во Европа, Европската народна партија цврсто стои на ставот дека иднината на земјите од Западен Балкан е во рамките на ЕУ!, вели Мицкоски во јавувањето за Алфа ТВ.

 

Слични содржини