Мицкоски од Штип: Ќе понудиме решенија да го подобриме животот на граѓаните

од Vladimir Zorba

Како политичка партија и во минатото, но и во иднината ќе се обидеме да понудиме решенија за граѓаните, да го подобриме квалитетот на нивниот живот бидејќи единствен капитал на Република Македонија се граѓаните и тие заслужуваат да имаат подобар живот. Токму од тука мотивирани на 2 јуни ќе се собереме пред платото на Владата на Република Македонија каде што ќе ја одбележиме оваа една година на чемер и јад, влада на СДСМ предводена од Зоран Заев. Ќе понудиме решенија, нови политики но и ќе започне падот на владата на СДСМ, која што се надевам дека ќе биде конечно поразена на предвремени парламентарни избори.

Прашање: Дали е тоа предвестие за предвремени парламентарни избори 2 ри јуни?

Како што кажав во изјавата, тоа е еден почеток на падот на СДСМ односно на владата на СДСМ предводена од Зоран Заев. Се надевам дека што е можно побрзо ќе бидат остварени и реализирани условите за да може опозицијата да се чувствува комотно, да излеземе на предвремени парламентарни избори и да ја поразиме оваа ненародна влада која што и се случува на нашата татковина.

Во изминатиов период слушнавме еден куп предлози и решенија околу спорот со соседна Грција. Според вас има ли решение или нема ?

Нашата позиција е јасна, повторена во низа наврати во минатото поврзана со спорот кој што го има нашиот јужен сосед со нашето уставно име. Таа е непроменета и потврдено од страна на партиските органи во изминатите денови. Навистина не располагам со дополнитени информации кои што би значеле за вас и би биле предмет на интерес. Тоа што беше во изминативе денови презентирано на јавноста во Република Македонија тоа го знам јас./МИА

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ

 

Слични содржини