Мицкоски за евентуалното продолжување на вонредната состојба: Не знам, немаме човек од опозицијата во Комисијата за заразни болести

од Nikola Popovski

„Сакам да имаме избори и оваа тригодишна пандемија на СДСМ и Зоран Заев да замине. Само така можеме да ја победиме оваа пандемија, на избори“, изјави вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за Клан телевизијата.

Тој запрашан што ќе се случи доколку СДСМ одлучи изборите да бидат во јуни,  Мицкоски не одговори прецизно и одговори дека се е можно.

„Вакво неодговорно однесување не можам да го разберам. Доколку еднострано одлучат да одат на избори во јуни, им посакувам среќа. Би се задржал на овој одговор. Се е можно“, вели Мицкоски.

Во однос на тоа дали очекува продолжување на вонредната состојба, тој додава дека нема човек од опозицијата во Комисијата за заразни болести и дека не знае што ќе се случи.

„Не знам каква одлука ќе донесе Пендаровски“, вели Мицкоски.

Слични содржини