Мизрахи со емотивна порака до ќерката: Срцето ни е тука! (ФОТО)

од Vladimir Zorba

„Моја Рина, Македонија е наше дома повеќе од петстотини години. Срцето ни е тука!“, напиша веќе ексминистерката за труд и социјална политика во техничката влада, Рашела Мизрахи на својот фејсбук профил, на кој постираше фотографија со нејзината ќерка.

Синоќа Собранието на Северна Македонија со 62 гласа „За“ и 26 „Против“ го прифати предлогот на техничкиот премиер Оливер Спасовски за нејзино разрешување на техничката министерката Рашела Мизрахи од ресорот труд и социјална политика, поради одбивање да ја промени таблата на која стои името Република Македонија.

– Уште не влезена во Министерството како прва Еврејка во историјата на Македонија назначена за министер во Влада бев мета на антисемитски напади од лица кои ниту бираат средства, ниту начин, ниту зборови. Па наместо да ја критикуваат мојата работа, ја критикуваа мојата верска и национална припадност и ме обележаа со жолта ѕвезда, истакна Мизрахи во излагањето пред пратениците.

Слични содржини