Младата ѕвезда на Атлетико: Најтешко е да се игра против Ливерпул

од Nikola Popovski

Sвездата на Атлетико Мадрид, Жоао Феликс истакна дека неговиот тим го добил најтешкиот можен противник во ЛШ. Шпанскиот тим ќе се соочи со Ливерпул, а за Португалецот, тоа е веројатно најтешката пречка во трката за четвртфиналето.

– Секогаш е тешко на европските натпреварувања – против сите екипи. Ливерпул е во добра форма, одличен ритам и ќе биде тешко, како и на сите натпревари на ЛШ, но најтешко е против нив, верувајте ми, изјави Феликс за шпанските медиуми.

Двете екипи се соочуваат едни со други во осминафиналето на Лигата на шампионите на 18 февруари, а првиот дуел е на „Ванда Метрополитано“.

Слични содржини