68
Хали Бери стана гостин на ѕвезденииот настан Butterfly Ball и буквално го привлече вниманието врз себе, поради облеката што ја беше избрала.
Актерката и добитничка на “Оскар” се појави во сребрена наметка врз телото. Додека позираше пред сите фотографи ѝ се виде дека стомачето ѝ е доста заоблено, па веднаш се појавија гласини дека ѕвездата чека трето дете.
Масло на огнот налеа и самата 50-годишна актерка, која одлучи да стави рака на него, што за многумина беше јасен знак – така правеле и идните мајки.
Но се појавија веќе првите коментари на демант. “Хали Бери не е бремена, повторувам, не е”, пренесе извор пред OK Magazine.
Хали веќе има две деца – 3-годишен син од Оливие Мартинез и 9-годишна ќерка од моделот Габриел Обри.